Во Русија со протести ќе се бара ослободување на новинарот кој е обвинет дека продавал дрога

Фото: Принтксрин

На 12 јуни во руската престолнина Москва многу новинари, активисти и други поддржувачи на истражувачкиот руски новинар Иван Голунов ќе излезат на протест и ќе бараат негово ослободување од  домашен притвор, кој тој го доби поради тоа што против него се отвори обвинение за поседување и продавање на наркотици.

Во соопштението на Фејсбук, денеска вработените во неколку водечки медиуми во Русија рекоа дека нема да побараат од градските власти дозвола да го одржат протестот – како дел од напорите за продолжување на притисокот врз руските власти да ги отфрлат обвиненијата за кои тие тврдат дека се неосновани и политички мотивирани.

Голунов, беше обвинет кон крајот на минатата недела, не само за продажба, туку и за производство на тешки дроги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот