Во Русија се тестираат 47 вакцини против коронавирусот

Во Русија во моментов се работи на тестирање на 47 вакцини против новиот коронавирус, изјави денеска руската вицепремиерка Татјана Голикова.

– Откривањето на инфекции со коронавирус е важен аспект на овие активности. На 14 платформи се работи на вкупно 47 вакцини. Очекуваме некои да дадат опипливи резултати, рече Голикова пред Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент.

Околу 43 милиони американски долари од федералниот буџет се наменети за развој на систем за тестирање на коронавирус и вакцини, пренесува ТАСС.

Александар Гинтсбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”, претходно изјави дека вакцината против коронавирус би можела да биде регистрирана во Русија во август.

Предклиничките испитувања, објасни тој, треба да траат уште еден месец. Тие истражувања треба да ја утврдат токсичноста и реактивноста на вакцината, како и нејзините други својства, врз основа на кои може да се почне со тестирање на луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот