Во Русија рекордно голем број нови инфекции со коронавирус

Руско возило на брза помош превезува заболени од Ковид-19 / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија пријави 34.303 случаи на нови инфекции со коронавирус во изминатите 24 часа, рекордно голем број од почетокот на пандемијата, покажаа податоците од државната работна група за коронавирус во неделата.

Исто така, бројот на смртни случаи изнесувва 997, пет помалку од дневниот рекорд од 1,002 пријавени претходниот ден.

Последните смртни случаи од коронавирус го зголемија официјалниот национален број на смртни случаи на 223.312, со вкупно скоро 8 милиони случаи.

Руските власти ја обвинуваат бавната кампања за вакцинација за наглиот пораст на инфекции и смртни случаи, што го принуди Министерството за здравство да побара пензионирани, вакцинирани лекари да се вратат во болниците.

Видео на денот