Во Русија казнети и Фејсбук и Гугл со над 430.000 долари – казна платија и Твитер и ТикТок

Логото на Гугл / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Руски суд ги казни американските технолошки гиганти Гугл и Фејсбук, затоа што не ја избришаа содржината што Москва ја смета за нелегална.

Фејсбук е казнет со 26 милиони рубљи (354.000 долари) по осум различни основи, додека Гугл треба да плати шест милиони рубљи (82.000 долари), објави Ројтерс.

Двете компании беа прогласени за виновни за административни повреди, соопшти судот.

Гугл Русија одби да ја коментира одлуката на судот, а Фејсбук не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Обвинувањата се однесуваат на објавите за кои Русија вели дека ги охрабрувале малолетниците да се приклучат на нелегалните протести во јануари кога демонстрантите излегоа на улиците да  изразат поддршка за уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Русија веќе го казни Твитер затоа што не избриша забранета содржина, па социјалната мрежа од Сан Франциско беше казнета со 121.000 долари, а неодамна и ТикТок беше казнет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот