Во Русија бројот на новозаразени од коронавирусот за првпат е помал од бројот на излечени

Фото: МИА

Бројот на новозаболени од коронавирусот падна на 8.764, додека 9.262 лица се пуштени од болница по лекување, и тоа е прв пат од почетокот на пандемијата бројот на излечени да е поголем од бројот на новозаразени, соопшти денеска рускиот центар за кризи.

Вкупниот број на заболени во Русија премина 300.000, односно 308.705 лица се заболени, додека бројот на излечени порасна на 85.392 што е речиси 1,5 пати повеќе од 19 мај, кога беше забележан претходниот рекорд, пренесува Тас.

Од вирусот во претходните 24 часа починаа 135 лица, што е најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Најголем број на заразени се во Москва, каде за еден ден се потврдени двојно повеќе излечени од вирусот Ковид-19 отколку заболени, што е исто така прв пат од почетокот на пандемијата во таа земја.

Во престолнината на Русија се пријавени нови 2.699 случаи, додека 5.440 се пуштени од болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот