Во Романија ќе се тестира систем кој ги предвидува земјотресите четри часа пред да се случат

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Во Политехничкиот Универзитет во Букурешт- Романија, ќе се тестира систем кој може да ги предвиди земјотресите, барем четри часа пред тие да се случат.

Според „Mediafax“, ситемот ќе биде во можност да го открие нивото, интензитетот и блискиот епицентар на земјотресот. Тестирањата ќе се спроведат во реонот на Вранча.

Системот е направен од страна на израелската компанија „Ionoterra“. Тој е се уште во концепт-фазата, по тестирањата направени во Турција и Грција, кадешто имаше огромен успех.

Во следната фаза, системот ќе се тестира во Вранч, што е една од најактивните сеизмички зони во Европа. Според Ректорот на Универзитетот, системот ќе почне да функционира од средината на следната година. Проби ќе се направат и во сојузната американска држава Калифорнија.

– Според проценките направени од страна на Политехничкиот Универзитет, убедени сме дека може да имаме верни информаци, минимално четири часа пред земјотресот да се случи – кажа Миеа Костиу, ректор на Политехничкиот Универзитет во Романија.

Израелската компанија „Ionoterra“, која го создаде системот и официјално го престави во Романија, тврди дека предупредувањата за земјотресот ќе може да се објавуваат и осум часа пред да се случи истиот.

Првичните тестови се направени во Источна Грција и во Западна Турција, употрбувајќи минимален систем на предвидување, и со ниво на успех од 90 проценти.

Од 75 предупредувања што беа објавени за земјотрес, 68 се потврдени од Европскиот медитерански сеизмолошки центар со силина од 2.58 степени според Рихтеровата скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот