-3 C
Скопје

Во рибарскиот брод Немо со кој во Грција пристигнале мигранти имало и турски полицајци, пратеник и новинар

Во рибарскиот брод  „Немо“ со 65 лица, што пристигнал во грчкиот град Катаколо во западниот дел на Пелопонез, заедно со мигрантите имало и 30 турски државјани, меѓу кои полицајци, пратеник, новинар и универзитетски професори, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации,  половината од патниците во бродот, односно 35 лица биле мигранти од Авганистан и Ирак, а веројатно Италија била крајната дестинација.

Како што пренесува информативниот портал „Илиалајв” од Пелопонез, од турските државјани,  20 рекле дека се полицајци гонети од Ердоган, а десет се Курди, меѓу кои универзитетски професори, еден пратеник и еден новинар.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, во интервју за грчјата телевизија „Скај” утрово рече дека бродот имал легални документи за пловидба, а турските државјани засега не поднеле барање за азил.

Прочитајте и...  Во последните 24 часа се регистрирани 356 нови случаи на ковид-19, починати се 15 лица

-Во овој момент тие не се нелегални мигранти, во земјата пристигнаа легално, со документи. Ако не поднесат барање за азил и сакаат да си заминат, можат да си одат, рече Митаракис, додавајќи дека сѐ уште не постојат официјални информации од надлежната крајбрежна служба.

Според грчките медиуми, за истражување на целиот случај вклучена е и Националната разузнавачка служба на Грција.

Извор:МИА

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе ги добие ветените вакцини најбрзо што може

Слободен печат

Лидерите на ЕУ заклучија: Границите остануваат отворени, но се воведуваат рестрикции за патувањата

Слободен печат

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Слободен печат

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Слооден печат

Фолскваген може да заработи казна од над 100 милиони евра за неисполнување на целта на ЕУ за емисија на гасови

Слободен печат

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар