Во РФМ извлечени групите за новата сезона во Првата машка лига

фото: indiamart.com

Ги дознавме групите за новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата ракометна лига во машка конкуренција. 16 екипи се поделени во две групи, ќе има регуларен дел од 14 кола, а по завршувањето на истиот ќе се формираат плеј-оф и плеј-аут групите од по осум екипи.

Односно плеј-оф групата ќе ја сочинуваат првопласираните четири екипи од секоја група, а во плеј-аут групата ќе се најдат екипите кои ќе завршат од петтата до осмата позиција. Сите тимови во плеј-оф и плеј-аут групата ќе стартуваа со 0 бодови. Системот на натпреварување ќе се одигрува по еднокружен бод систем (дома-гости), 2×7 кола вкупно 14 кола. Ждребањето ќе биде според Бергер систем.

Победникот во Првата лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираниот во плеј-аутот од Суперлигата. И на тој начин подобриот од таа пресметка ќе ја пополни Супер лигата 2021/2022 која ќе брои вкупно 10 екипи.

Прва лига – мажи

Група А: РК Кичево 2020, ГРК Борец, РК Аеродром, РК Риниа-М, РК Преспа 2015, РК Драчево, РК Јехона, РК Шампион.

Група Б: РК Вардар Неготино, РК Македонија ЃП, РК Металург-Ра, РК Скопје 2020, МРК Куманово, РК Партиза-2016 Спорт, РК Делчево-Вардар, РК Текстилец.

Прво коло, двојки (Група А): РК Кичево 2020-РК Шампион, ГРК Борец-РК Јехона, РК Аеродром-РК Драчево, РК Риниа-М-РК Преспа 2015

Прво коло, двојки (Група Б): РК Вардар Неготино-РК Текстилец, РК Македонија ЃП-Рк Делчево Вардар, Рк Металург Ра-РК Партизан 2016 Спорт, РК Скопје 2020-МРК Куманово.

Се планира есенскиот дел од сезоната да започне на 19/20 септември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот