Во Република Српска забранет увоз на 400 килограми македонски сливи

фото МИА

Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Северна Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград.

Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се врши при увоз, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е недозволеното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, и тоа се параметрите на кои се вршат лабораториски анализи, пренесува Српскаинфо.

Од Инспекторатот наведуваат дека во првата половина на оваа година, при увозот, надлежната инспекција зела 607 примероци овошје, зеленчук и житни култури за исхрана на луѓето за потребите на лабораториско испитување.

Кај две пратки биле откриени неправилности, а инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и наредува враќање на пратката до испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор.

Од Инспекторатот забележуваат дека на пратките од кои се земени примероци за анализа им е забранет пласман на пазарот, дистрибуцијата или преработувањето, се додека инспекторот не донесе одлука во согласност со резултатите од лабораториските испитувања на примероците.

Со оглед на оваа постапка, во случаи кога анализата открива неправилност, не постои ризик дека храната се консумирала, бидејќи не била ни достапна за потрошувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот