Во Реал се пресметаа и ќе мора да го следат примерот на Барселона, кратењето на платите е неизбежно

EPA-EFE/Emilio Naranjo

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, смета дека мора да се договори со фудбалерите и кошаркарите за намалување на платите за да се намалат загубите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

„Кралскиот“ клуб ќе мора да оди по стапките на Барселона, Перез сфати дека кратењето на платите на фудбалерите и кошаркарите е неизбежно иако на почетокот од кризата предизвикана од коронавирусот беше оптимист.

Фудбалерите на Барселона се согласија платите да им се намалат за 70 проценти додека трае пандемијата на коронавирусот за да се намалат загубите на клубот но и да им се овозможи на вработените во администрацијата да земаат плата.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека Реал Мадрид е многу подобра финансиска состојба од Барселона, минатата година ја завршија во плус од 156 милиони евра.

Но, бидејќи Реал Мадрид заедно со фудбалската и кошаркарската секција има околу 800 лица на платен список и поради тоа ќе мора да ги намали платите на најдоброплатените лица во клубот, а тоа се фудбалерите и кошаркарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот