Во Реал Мадрид брзо го заборавија Роналдо

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се двајцата најдобри фудбалери на денешницата кои доминираат во светскиот фудбал. Во последните 10-тина години тие двајца се редовни добитници на најградите за најдобри фудбалери, а фановите постојано дебатираат кој е подобар од нив двајца.

На оваа тема се огласи и фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал кој на изненадување на многумина фанови на „кралскиот клуб“ не застана на страна на поранешниот соиграч. Вообичаено, фудбалерите на Реал Мадрид додека Кристијано Роналдо беше дел од тимот, велеа дека не постојат дилеми околу тоа кој е подобар фудбалер. Сега кога Роналдо си замина од „Сантијаго Бернабеу“, сликата се промени.

– Меси и Роналдо е тешко да се споредуваат, тие се најдобрите фудбалери во историјата но многу се разликуваат. Меси и играчот кој повеќе ја претставува фудбалската игра, има подобра визија за теренот за додавањата и сака топката секогаш да ја има во своите нозе. Од друга страна, Роналдо се фокусира да биде околу голот и да постигнува што повеќе голови. Многу се различни, но неверојатно добри фудбалери – изјави Карвахал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот