Во Ранковце регистриран прв случај со коронавирус

Од општина Крива Паланка досега официјално се потврдени две лица кај кои е утврден вирусот Ковид-19, а двата случаи се лица кои престојувале во Државниот завод за рехабилитација, Козле, во Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие е регистриран и првиот случај на лице заболено од Ковид-19 во општина Ранковце.

Станува збор за машко лице на возраст од 58 години од општина Ранковце, со место на живеење во селото Петралица, потврдуваат од Хигиено-епидимиолошката служба, Подрачна единица на Центарот за јавно здравје, Крива Паланка.

Од општина Крива Паланка досега официјално се потврдени две лица кај кои е утврден вирусот Ковид-19, а двата случаи се лица кои престојувале во Државниот завод за рехабилитација, Козле, во Скопје.

Кај едното лице, прв случај на Ковид-19 во Крива Паланка вирусот бил потврден за време на неговиот престој во „Козле”, по што е префрлен на Инфективната клиника, додека другото лице е тестиранпо и пуштено во домашна изолација, а резултатите покажале дека е позитивен.

Ова лице се наоѓа во домашна самоизолација, во Крива Паланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот