Во „Рајскиот парк” во Ново Лисиче се садат 126 садници

 Сто дваесет и шест садници се садат во рамки на акцијата во „Рајскиот парк” во Ново Лисиче. Средствата во износ од 76.440 денари донирани за кампањата „Засади воздух” беа собрани на трката Skopje Run 10К.

Садниците од „Засади воздух” ги садат учесниците на Skopje Run 10К, и од ЈП Паркови и зеленило и Град Скопје.

Околу 2.000 тркачи учествуваа на Skopje Run 10К на бул. „Илинден” во Скопје, се урнаа три рекорди и тоа државниот рекорд на 10 километри улична трка во машка категорија, државниот рекорд на 10 километри улична трка во женска категорија и имаше најголем број пријавени учесници.

Акциите, како што е најавено, ќе продолжат и во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот