Во пукотница ранета внуката на Џорџ Флојд

Внуката на Џорџ Флојд/ Фото Колаж на СП/ Twitter/ EPA

Аријана Делejн, уште едно дете и четворица возрасни се повредени во пукотница на новогодишната ноќ, откако непознат напаѓач пукал во нивниот дом во три часот наутро.

Аријана, инаку, е внука на убиениот Џорџ Флојд, чија смрт го крена светот на нозе, пренесува Индепендент.

Девојчето е тешко повредено, но се опоравува по операцијата. Во пукотницата ѝ биле повредени белите дробови, а и биле скршени три ребра.

Полицијата се уште нема официјални информации за мотивот за нападот, но тие сметаат дека нападот бил извршен бидејќи сите  му биле роднини на Џорџ Флојд.

Внатрешна истрага

Чудно е што полицијата дошла на местото на настанот неколку часа откако им било јавено. Началникот на локалната полиција Трој Финер вели дека е свесен за ова и дека е покрената внатрешна истрага.

Да потсетиме, Џорџ Флојд почина во Минеаполис на 25 мај 2020 година, откако полицаецот Дерек Шовин го задуши со неговото колено, стоејќи над него цели 8 минути и 46 секунди, а друг офицер стоеше над неговиот грб.

Откако снимката од смртта на Флојд го ​​обиколи светот, масовните протести избувнаа низ САД и Британија.

Дерек Шовин во јуни минатата година беше осуден на 22 и пол години затвор.

Видео на денот