Во Психијатриската болница во Демир Хисар има 17 пациенти и двајца вработени позитивни на коронавирусот

Скопје, лето 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Психијатриската болница во Демир Хисар се регистрирани 17 пациенти позитивни на коронавирусот, како и медицинска сестра и физички работник, пренесува сакамдакажам.мк.

Во болницата постои посебен оддел за прием на пациенти, посебен оддел за третман и посебен оддел за изолација. Сите пациенти се лекуваат во едно засебно одделение, по протокол за лекување во домашни услови. Доколку нивната здравствената состојба наложи пациентите се лекуваат во болнички услови.

Во моментов, во болницата се лекуваат 296 пациенти.  Протоколот за прием на пациенти предвидува мерење на телесна температура, земање на епидемиолошка анамнеза, при секој прием пациентот мора да помине 14 дена во карантин во посебен објект во установата наменет само за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот