Во првото полугодие Витаминка оствари зголемување на приходот за 20 проценти – Слободен печат
ВестиЕкономија

Во првото полугодие Витаминка оствари зголемување на приходот за 20 проценти

Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период изнесуваат 156.245 илјади денари.

Во периодот Јануари – Јуни 2019 година, компанијата П.И “Витаминка” АД Прилеп оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Во 2019 година не се евидентирани промени во сметководствените политики, сметководствени процени и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на П.И “Витаминка” АД Прилеп.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2019 година изнесуваат 1.142.553 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 20 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 %, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 20%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2019 година изнесуваат 1.085.931 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 16%. Растот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2019 година за извештајниот период.

На 11.06.2019 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на дивиденда за 2018 година, на вкупен износ од 16.420 илјади денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период изнесуваат 156.245 илјади денари.

Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2019 година изнесуваат 817.632 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2018 година бележат намалување 14 %.

Во периодот Јануари – Јуни 2019 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп не се реализирани дополнителни нови вработувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close