Во првите шест месеци на 2021 во Србија за третина е зголемен бројот на смртни случаи

Жена со заштитна маска против коронавирусот во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Србија во првите шест месеци од оваа година бројот на новороденчиња опаднал за 1,7 отсто,а бројот на смртни случаи достигна бројка од 27,6% поголема отколку во истиот период минатата година, соопшти Републичкиот завод за статистика (РЗС), јави дописиникот на МИА од Белград.

Од почетокот на годината до јуни родени се 28.813 бебиња, што е помалку за 1,7 отсто од истиот период минатата година, или 501 новороденче, се наведува во извештајот на РЗС.

Скоро секој месец, се раѓаат од четири до пет илјади деца, но во март годинава е забележан најголем број за оваа година и изнесува 5.348 живородени деца – минатата година во јули беше забележан скок на 5.896 родени.

Природниот прираст е во минус за овој дел од годината, така што извештајот покажува значително зголемување на смртноста, за што се претпоставува дека придонел коронавирусот.

Досега во 2021 година изгубени се 65.817 животи, што е зголемување за 27,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, кога имаше 51.569 смртни случаи.

Опсегот по месеци одеше од девет до 12 илјади загубени животи, најблаг беше минатиот месец, што дава навестување на надолна траекторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот