Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонија

Од 9 септември, Филхармонија ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на Концертната сезона 2019/2020.

Како и во изминатите години, и годинава Филхармонија нуди промотивна сезонска БЛОК ВЛЕЗНИЦА, во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата во периодот септември 2019 – јуни 2020, вклучувајќи и неколку ЕКСКЛУЗИВНИ КОНЦЕРТИ.

Доколку влезниците се купуваат индивидуално, цената за сите концерти изнесува 13.000 денари.

Доколку се резервира годишна БЛОК ВЛЕЗНИЦА до 15 септември, цената изнесува 9.000 денари.

Цената на билетите во редовна продажба, пак, по 15 септември, ќе изнесува 10.000 денари.

Билетарницата на Филхармонија работи секој ден од 10 до 20 часот, како и во сабота од 10 до 14 часот.

Со еден од најдобрите пијанисти денес, врвниот Александар Мелников од Русија, и славниот маестро Антони Вит од Полска зад диригентскиот пулт, на 26 септември во 20 ч., почнува новата концертна сезона чиј слоган годинава гласи „Моја бесмртна љубов”.

Концертот на отворањето е насловен „Моќта на Заратустра”, а ќе бидат изведени двете грандиозни дела: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Лудвиг ван Бетовен и „Така зборуваше Заратустра” од Рихард Штраус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот