Во продажба влезниците за квалификацискиот натпревар Македонија – Романија

За 100 денари бодрете ги ракометарите против Романија/Фото: РФМ

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги известува љубителите на ракометот дека машката сениорска репрезентација во четврток (17 март 2022 година), со почеток од 19.00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра бараж натпреварот во рамките од квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Романија.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува денеска (11 март 2022 година) од 12.00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Воедно РФМ информира дека натпреварот ќе биде организиран согласно важечките протоколи за организација на спортски настани и одлуките на Владата за превентивни мерки против вирусот ковид-19.

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2 против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравување.

Влезниците за натпреварот Македонија – Романија се продаваат по ценa од 100 денари.

Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
ЛитератураМК Super Store – City Mall
ЛитератураМК – Буњаковец
ЛитератураМК – Веро Центар
ЛитератураМК – улица Македонија
ЛитератураМК – ГТЦ приземје
ЛитератураМК – Ramstore Mall
Макпетрол – Козле
Макпетрол – Порта Влае
Макпетрол – Илиндеска
Југотон – ГТЦ 1

Велес: Унисон
Прилеп: ТА Бран
Куманово: Тобако Агора
Тетово:
Тобако Монако
Гранд Тобако
Гостивар: Тобако Вона Пет
Охрид: ТА Вис Пој
Битола: ЛитератураМК
Струмица:
ТА Сафари
ЛитератураМК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот