Во природен резерват во Израел пронајдени златни монети скриени од 7 век

Фото/ Israel Antiquities Authority

Археолозите во Израел објавија дека во природниот резерват се пронајдени 44 златни монети кои датираат од 7 век.

Во близина на потокот Хермон (Баниас) е пронајдено складиште со тежина од околу 170 грама, а експертите проценуваат дека некој го сокрил за време на муслиманското освојување на областа во 635 година.

„Можеме да го замислиме сопственикот како го крие своето богатство поради претстојната војна со надеж дека еден ден ќе се врати по својот имот“, изјави Јоав Лерер, раководител на ископувањето, пренесе Би-би-си.

Освен монетите, археолозите откриле остатоци од згради, канали и цевки, соопштија израелските власти.

Баниас има посебно место во христијанската традиција бидејќи тоа е областа каде што Исус наводно му рекол на апостол Петар дека „ќе ја изгради својата црква на карпа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот