Во Прилеп се подигнува модуларната болница, денеска се затвора ковид-одделот во интерно

Прилеп/ инфективно одделение /инфективна болница/ Фото: МИА

На парцелата зад инфективното одделение при прилепската градска болница почна да се поставува модуларната болница. Градежните работи се во тек, поставени се „бараките”, а допрва ќе биде уредувањето. Болницата е на околу 1 200 метри квадратни со капацитет за 32 пациенти со ковид-19.

Според директорот на прилепската градска болница, Драган Богојески, допрва ќе биде уредувањето на модуларната болница.

– Активностите се во тек, капацитетот е за 32 пациенти од Ковид-19. Ќе има лабораторија, рендген за пациентите да не поминуваат повеќе одделенија туку сите анализи да се прават на едно место. Целта е да се растерети инфективното одделение. Сите пациенти со Ковид-19 оттаму ќе бидат во модуларната болница, изјави Богојески.

Ситуацијата со ковид-19 моментално е стабилна и е намален бројот на хоспитализираните пациенти. Моментално се 35, а денеска се затвора ковид одделот во интерното одделение.

– Пред еден месец го затворивме ковид-одделот на гинеколошкото, денеска на интерното одделение. Неколкуте пациенти веќе се транспортираат во другите оддели. Активни се инфективното, а до крајот на месецов, ако остане стабилна ситуацијата, ќе се затворат ковид-одделите на очното и на одделението за уво, нос и грло, вели Богојески.

Персоналот со обврските ротира во одделенијата. Ако стигнат согласности, прилепската болница ќе вработи 12 лекари и 10 медицински сестри кои досега имале договори за одредено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот