Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак

Во Прилеп почнуваат чествувањата по повод 19-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители кај месноста „Карпалак”. На 8 август 2001-та конвојот од воените резервисти од прилепската касарна беше нападнат во заседа на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак кога загинаа 10-те прилепски воени резервисти.

Вечер од 18 часот во касарната „Мирче Ацев” пред спомен-обележјето ќе бидат положени свежи цвеќиња, а потоа и на споменикот во селото Лениште, а ќе бие посетен и манастирот „Света Петка” во ова село.

Утре изутрина, делегации на преживеаните, на роднини ќе тргнат на месноста „Карпалак” да им оддадат почит на загинатите.

Ќе бидат посетени и вечните почивалишта на бранителите во градот и во населените места, во нивен спомен ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка” во прилепската населба Точила, а централното чествување е утре напладне пред споменикот „Карпалак” во центарот на Прилеп.

Во заседата на армискиот конвој кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоским Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот