Во Прилеп одбележани 100 години од смртта на Марко Цепенков

Почит му оддадоа делегации на Центарот и од локалната самоуправа предводени од диоректорот на институцијата Рубинчо Белчески и од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Со почит и свежо цвеќе пред неговиот споменик, прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков” ја одбележа 100-годишнината од смртта на својот патрон и на најголемиот и истакнат собирач на македонски народни умотворби- Марко Цепенков.

Почит му оддадоа делегации на Центарот и од локалната самоуправа предводени од диоректорот на институцијата Рубинчо Белчески и од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Центарот за култура 41 година го носи името на истакнатиот собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.

Во вкупниот број публикувани и непубликувани негови дела може да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал како речник, тајни јазици, описи на занаетиобичаиобреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија.

Низ годините прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” прикажал повеќе претстави во кои се преплетувал ликот на Марко Цепенков. Целосни претстави посветени на големиот прилепски и македонски творец се: „Натемаго” од 2006 година  и „Сонот на Цепенков” , претстава од 2013 година.

Поради пандемијата изостанаа повеќето манифестации кои ги планираше приелпскито Центар за култура кој го носи името на големиот народен творец Марко Цепенков. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот