Во претседателската вила додека шефуваше Иванов се пиело и јадело без мерка

Во кабинетот на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов се јадело и пиело без мерка. Како што објавува  „Фокус“  само во бифето на Вила Водно за четири месеци биле потрошени 512.000 денари или околу 8.300 евра за сокови, кафиња и води.

За првите четири месеци од годинава се потрошени 340.000 денари за оброци за обезбедувањето. Според податоците за првите четири месеци од годинава биле потрошени 200.000 денари за подароци, како вртоврски и марами. Во нив спаѓа и подарокот кој Иванов му го даде на папата Франциск, резба во износ од 38.000 денари.

Во последните месеци од мандатот на Иванов околу еден милион денари биле потрошени за ресторани. 32.600 денари биле потрошени за ручек со добитници на повелба во ресторанот „Стара куќа“. За ручек приреден во чест на добитници на медал во „Фиш ресторан“ биле потрошени 45.360 денари. Иванов приредил ручек и за некаква Комисија за најмлад научник, при што во „Старо буре“ биле потрошени 43.540 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот