Во престрелка во Арачиново повредени се три лица

Полиција/ фото: МВР

Две лица завршија во болница со рани од огнено оружје, а третиот кажал дека се повредил во сообраќајка и заминал од болницата. Сите биле повредени во престрелка во Арачиново поради долг. 

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги привеле М.А, М.С.(35) од с.Страчинци и Н.Џ.(27) од с.Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02.00 часот, по претходна расправија, во с.Арачиново, скопско, М.А.(31) од с.Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од с.Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него. 

Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза” со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.. Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите. 

Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. 

Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот