ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА НА НАСТИНКИ: Производи кои го отежнуваат закрепнувањето – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА НА НАСТИНКИ: Производи кои го отежнуваат закрепнувањето

Овојпат дочекајте ја сезоната подготвени, не дозволувајте ништо да ве изненади

За помалку од еден месец доаѓаат есента и променливото време, а со тоа започнува и сезоната на паднат имунитет и почести настинки.

Но, дали знаете дека со одредени производи, од кои некои ги земате за да ги олесните симптомите, всушност си правите лоша услуга.

Еве за што се работи:

1. Шеќер – при настинка сосема е непотребно да се консумираат шеќери, што значи дека треба да го избегнувате кога пиете чај, а индустриските сокови не треба да ви паѓаат ни на крај памет.

2. Киселини – цитрусите се богати со витамини кои би помогнале во закрепнувањето, но содржат и киселини кои би го уништиле целото тоа дејство. Користете ги во комбинација со други овошја за да направите свежо цеден сок или смути, за овие киселини да се разредат.

3. Кофеин – бидејќи кофеинот е диуретик, може да предизвика дополнително губење течности во веќе исцрпениот организам. Избегнувајте кафе и зелен и црн чај.

4. Заситени масти – тие се тешки за варење и метаболитичките процеси. При преладеност, потребно ви е метаболизмот да работи со целиот капацитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close