Во пресрет на парадата на гордоста, анти-ЛГБТ протест во Сараево

Контра ЛГТБ протест во Сараево EPA-EFE/Tomasz Gzell

Неколку десетици граѓани на изутринава се собраа во Сараево на протест против ЛГБТ задницата во земјата и најавениот денешен марш низ градот.

Контра протестот се одржува во пресрет на парадата на гордоста во Сараево, која има за цел да ги промовира правата на ЛГБТИК заедницата во Босна и Херцеговина, закажана за денеска попладне.

Протестот против ЛГБТ, наречен „Врати ни го долгот“, го организира, како и претходните години, Санин Муса, претседател на партијата „Вера. Народ. Држава“. Протестот се одржува под мотото „Традиционален/нормален ден на семејството“..

Според извештајот на Народниот правобранител на БиХ, во Босна и Херцеговина од 2017 година не е постигнат конкретен напредок во обезбедувањето вистинска еднаквост на ЛГБТ лицата.

Во извештајот, објавен во мај минатата година, се вели дека во БиХ не се преземени конкретни чекори за регулирање на заедницата на хомосексуалци, и повеќе поими не се дефинирани со позитивните прописи кои се во сила во Босна и Херцеговина.

Во однос на прашањето за заштита на индивидуалните права, говорот на омраза кон ЛГБТ лицата сè уште е присутен, а ретки се носителите на највисоките функции кои отворено дејствуваат во заштитата на правата на оваа заедница.

Парадата на гордоста на БиХ оваа година се одржува под мотото „Семеен собир“. Првиот се одржа во 2019 година.

ЛГБТ + заедницата смета дека Босна и Херцеговина е зад земјите од регионот кога станува збор за носење закони кои би ги заштитиле нивните права. Тие посочуваат дека Босна и Херцеговина нема закон за истополово партнерство, но ниту закон за родов идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот