ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ: Џонсон подготви пита, Корбин пред зори ги собра приврзаниците (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во пресрет на изборите во Британија, премиерот Борис Џонсон и неговиот противник од редовите на лабуристите, ги завршија своите потези, во рамките на изборната кампања.

Борис Џонсон својот последен ден од камапањата го започна со разнесување шишиња со млеко во селото Гвизели, Јоркшир, северна Англија, а потоа тој подготви пита со говедско месо и пиво.

– Да ја ставиме во рерна, да ја затвориме вратата, да ја извадиме и еве, Брегзитот заврши! – рече Борис Џонсон додека печеше пита.

Неговиот противник Џереми Корбин, претседател на Лабуристите, ги собра приврзаниците пред зора во Глазгов, Шкотска, каде се надева дека ќе ги придобие приврзаниците за независност од Британија.

Тој им ветил на гласачите „надеж“ и „безбедност“ и го нападна Џонсон за неискреност, обвинувајќи го за „давање ветувања кои утре се претвораат во магла“.

Со оглед на неодамнешниот пораст на анкетите на Лабуристите, Џонсон се заканува со отсуство на мнозинство во парламентот што ќе ја продолжи политичката криза.

„Ќе се бориме за секој глас – јасно порача Корбин.

Според најновата анкета во Британија, Конзервативната партија води со 339 од вкупно 650 места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот