Во пресрет на „Австралија Опен”, Мелбурн 17-ти ден без случаи на ковид-19

Мелбурн, Австралија / 14 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралиската сојузна држава Викторија веќе 17 дена е без нови локални случаи на коронавирусот, а властите прават напори ваквата ситуација да не го расипе одржувањето на тенискиот турнир „Австралија опен” следниот месец затоа што меѓу спортистите кои допатувале има позитивни на коронавирусот.

Дури 72 играчи кои ќе учествуваат на турнирот од 8 до 21 февруари беа затворени во хотелски соби две недели по пристигнувањето и не можеа да тренираат, откако патници на три чартер летови, со кои тенисерите дошле во Австралија, биле позитивни на коронавирусот.

Шпанската тенисерка Паула Бадоса е првата спортистка која вчера потврди позитивен тест за Ковид-19, додека беше во карантин во Мелбурн. Постојат и неколку други случаи поврзани со турнирот.

Три нови случаи се регистрирани денеска на меѓународни пристигнувања во хотелски карантин во Викторија, соопшти државниот оддел за здравство, но сè уште не е познато дали новите случаи се поврзани со „Австралија опен”.

Австралија помина подобро од повеќето развиени земји за време на пандемијата поради брзото затворање на границите, заклучувањата, строгиот хотелски карантин за патниците и широко распространетото тестирање, а денеска е шести ден по ред како во земјата нема локални инфекции со Ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот