Во преговарачката рамка јазикот одреден како македонски

Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознава„360 степени”, во Предлог-преговарачката рамка за земјава што денеска ја усвои Европската комисија.

Како што е наведено во текстот од „360 степени”  дознаваат дека во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

-Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина, наведуваат од „360 степени”.

Пасусот, како што стои во објавенот текст, во кој се наведува дека заедничкото европско право треба да се преведе на јазикот на идната земја членка е стандарден елемент во преговарачките рамки за сите држави кандидатки што во моментов преговараат или веќе станале дел од ЕУ.

Прашањето за македонскиот јазик беше формално затворено со Договорот од Преспа, како клучна идентитетска одредница за етничките Македонци од Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот