Во предградие на Мелбурн убиена нововенчана двојка од Струга (ВИДЕО)

Единствениот осомничен за крвавиот чин е таткото на убиената, 55-годишниот Осман Шаптафај кој има прострелна рана што си ја нанел обидувајќи се да се самоубие откако ги убил ќерката и зетот.

Нововенчана двојка е убиена во пукање во предградие на Мелбурн, јавуваат австралиските медиуми.

Станува збор за 29-годишниот Ветон Мусаи кој починал во болница, ден по смртта на неговата 25-годишна сопруга Линдита, кои по потекло се од Струга.

Единствениот осомничен за крвавиот чин е таткото на убиената, 55-годишниот Осман Шаптафај кој има прострелна рана што си ја нанел обидувајќи се да се самоубие откако ги убил ќерката и зетот.

Таткото на Линдита останува во болница под полициска заштита, каде му се санираат повредите здобиени од огнено оружје.

Полицијата соопшти дека нема потрага по друго лице во врска со овој инцидент. Инаку, семејството Мусаи е по потекло од Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот