ВО ПОЖАРЕВАЦ КАКО НА ФИЛМ: Ја прегазил со автомобилот, но не бил сигурен дека таа била вистинската „мета“

Фото: МИА / илустрација

Судија на претходна постапка од судот во Пожаревац, му одреди 30 дневен притвор на 22 годишниот Александар, кој е осомничен дека во понеделникот извршил тешко убиство на 78 годишната, Ружица Ковач.

Зад решетки, во притвор се и таткото и синот кој го нарачаа убиството, односно 47 годишниот Саша и 21 годишниот Даниел, поради сомнение дека го поттикнале и му помогнале во кривичното дело на сторителот.

До убиството дошло откако Александар ја прегазил бабата со автомобил „Застава 101“, кога Ружица со велосипед се движела дома. Потоа, тој избегал, а возилото го запалил во селото Михајловац во близина на Смедерево.

За време на истрагата, сомнежите биле во насока дека станува збор за сообраќајна несреќа, но безбедносните камери покажале дека осомничениот намерно удрил во велосипедот. Тој првин ја забележал Ружица на патот, ја заобиколил за да се увери дека е таа, па се вратил назад со возилото и повторно тргнал кон неа за да ја удри.

Александар е обвинет дека кривичното дело го сторил во договор со неговиот пријател Даниел и Саша, кои со Ружица имале нерешен имотен спор околу нејзината куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот