Во пожар во САД изгоре област со големина на Лос Анџелес

фото Миа

Ветер со променлив правец и грмежи ја отежнуваа работата на американските тимови кои се борат со шумски пожар во Орегон, што е само еден од десетината пожари што избувнаа во неколку западноамерикански држави.

Катастрофалниот пожар еден од најголемите во модерната историја на Орегон, веќе изгоре повеќе од 1.210 квадратни километри шума, што е област која е скоро колку Лос Анџелес.

Сепак, огнот е ставен под контрола на околу 25 проценти од територијата што граничи со Калифорнија.

Метеоролозите и за денеска предвидуваат избувнување нови пожари, поради можноста од грмотевици и во Калифорнија и во јужниот дел на Орегон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот