Во пожар во прифатен центар за мигранти на грчкиот остров Лезбос загина дете

Фото: МИА

Во Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти „Мориа” на грчкиот остров Лезбос, каде попладнево изби пожар, животот го загуби едно дете, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека за време на гаснењето на пожарот било извлечено безживотното тело на детето. За справување со огнената стихија интервенирале 13 пожарникари со пет возила.

Причините за пожарот, кој е ставен под контрола, засега се непознати, а според локалните медиуми, детето е на возраст од 6-7 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот