Во пожар изгоре ловечката куќа Пашаџиково на Осоговските Планини

Фото: Профимедиа

Огнот се проширил и на дел од боровите стебла во непосредна близина на ловечката куќа, но со ефикасната интервенција спречена е поголемо опожарување на шумата.

Голема материјална штета предизвикал пожарот што ноќеска избувнал во ловечката куќа во месноста Пашаџиково на падините на Осоговските Планини, при што целосно ја оштетил кровната конструкција, а се проширил и на горниот кат.

За пожарот во објектот, чиј сопственик е ЈП „Национални шуми”, била известена Територијалната противпожарна единица од Кочани која интервенирала со четири противпожарни возила и осум пожарникари.

-Целосно е изгорена кровната конструкција на објектот кој датира од 1934 година. Со оглед што се работи за стар објект, по кровот нема бетонска плоча, дрвени греди, поради што огнот се проширил и на катот. Поради намената и карактеристичното уредување, поголем дел од внатрешноста на куќата е од дрвен материјал, што придонесе за брзо ширење на пожарот. Морам да кажам дека пожарникарите работеа во исклучително тешки услови и по неколкучасовна интервенција огнот беше локализиран, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Огнот се проширил и на дел од боровите стебла во непосредна близина на ловечката куќа, но со ефикасната интервенција спречена е поголемо опожарување на шумата.

Екипа од Полициската станица во Кочани извршила увид на местото на пожарот, а според првичните наоди, најверојатна причина за неговото избувнување е запален оџак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот