Во последното деноноќие нема нови случаи со Ковид-19 во Велес

Центарот за јавно здравје во Велес информира дека изминативе 24 часа во Велес не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 .

Во изминатото деноноќие во Велес има 10 излекувани пациенти.

-Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во општината изнесува 77 лица од кои 29 излечени, три смртни случаи и 45 активни, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница, како што информира за МИА портпаролот Весна Неделковска Николова, на лекување се 16 пациенти од кои кај 15 е потврден тестот на Ковид-19, а еден пациент чека резултат од тест.

Од болницата вчера биле отпуштени двајца пациенти кај кои не било потврдено присуство на Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот