Во последните 24 часа за непрописно паркирање се изречени 123 казни, а со пајак се подигнати 92 возила

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 123 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 92 возила.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа од сообраќај се исклучени 24 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и два возачи почетници, како и 21 нерегистрирано возило. Полицијата санкционирала и 14 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Евидентирани се и два возачи за неносење сигурносен појас и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Изминатото деноноќие се случиле 11 сообраќајни незгоди. Во четири од нив полесно се повредени пет лица.

Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од второ одделение во ООУ „Рајко Жинзифов”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот