Во последните 24 часа во Шпанија починале 950 луѓе од коронавирусот
Објавени се најновите податоци за заболени и починати од коронавирусот во Шпанија. Како што јавуваат шпанските медиуми, во последните 24 часа починаа 950 луѓе во земјата.
Тоа е најголем број на жртви во 24 часа во земјата досега. Воедно, ова е шести ден по ред во кој умираат преку 800 лица во рок од 24 часа.
Во Шпанија сега бројот на жртви од коронавирусот од почетокот на епидемијата изнесува 10.003, при што бројот на заразени е 110.238, речиси 27.000 се излечени, а повеќе од 54.000 луѓе се хоспитализирани.
Шпанските медиуми јавуваат и дека во последните 24 часа се забележани уште 8.102 лица заболени од коронавирусот.
Ел Мундо јавува дека бројот на заразени расте за 8 отсто за време на оваа недела, што е сепак подобрување во однос на минатата недела, кога тој растел за 20 отсто.