Во последните 24 часа во Франција регистрирани се нови 449 смртни случаи

Ковид состојба во Париз, Франција/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Според властите, 9.944 лица се сметаат за излекувани.

Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани нови 449 смртни случаи од Ковид-19 што е најголем број досега во еден ден. Од почетокот на пандемијата на 1 март, регистрирани се вкупно 3.523 смртни случаи,и 52.128 заразени, јави дописникот на МИА.

Вкупно 5.565 лица се наоѓаат во тешка состојба и нив им е потребна интензивна нега. Таа цифра е зголемена за 458 случаи.

Вкупно на болничко лекување се наоѓаат 22.757 лица. Триесет и четири отсто од заболените се помлади од 60 години.

Според властите, 9.944 лица се сметаат за излекувани.

Само вчера во ургентните служби на болниците биле примени 4.390 лица со симптоми на Ковид-19. Притоа 38 отсто од нив биле хоспитализирани, а пет отсто директно примени на интензивна нега.

СОС Лекари од своја страна имале 1.718 интервенции поради Ковид-19. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот