Во Португалија во ресторан само со ковид-потврда

Фото: ЕПА

Во Португалија се случува нов бран од пандемијата, а ако Португалците сакаат да влезат во ресторан ќе им треба ковид-потврда или негативен тест на коронавирус. Истото важи и за престој во хотел во регионите кои се најпогодени, одлучи владата.

„Се соочуваме со влошување на пандемијата“, рече портпаролката на владата Маријана Виеира да Силва и објави дека сега во земјата има 60 општини со висок или многу висок ризик од зараза, наспроти 45 минатата недела.

Во ризичните подрачја, како Лисабон, сѐ уште важи полицискиот час воведен минатата недела. Но, владата одлучи да ја укине забраната за движење меѓу Лисабон и остатокот од земјата за време на викендот затоа што и онака делта-сојот го има низ целата земја.

Според Националниот институт за здравство (Инса) од вторникот, делта-сојот е застапен кај 90 отсто од новозаразените во Португалија. Франција им препорача на своите граѓани летово да ги одбегнуваат Шпанија и Португалија како туристички дестинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот