Во поплавите во Индонезија, загинаа најмалку 16 лица, стотици евакуирани

Во изминатите неколку дена силните дождови поплавија три околни реки, предизвикувајќи евакуација на повеќе од 650 лица, соопштија локалните власти.

Најмалку 16 лица загинаа, а стотици се раселени од нивните домови, во свлечиштата и поплавите што го зафатија индонезискиот остров Сулавеси, соопштија официјални лица од Агенцијата за ублажување на последиците од катастрофи.

-Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати лица, откако поплавите ја погодија Северна Лува, округ во провинцијата Јужен Сулавеси, изјави Радита Јати, портпарол на агенцијата.

На снимките од теренот се гледаат оштетени куќи, преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е покриена и со кал и остатоци.

-Се надевам дека ќе не обединат напорите за закрепнување, кажа Нурдин Абдула, гувернер на Јужен Сулавеси за ТВ Компас.

Во изминатите неколку дена силните дождови поплавија три околни реки, предизвикувајќи евакуација на повеќе од 650 лица, соопштија локалните власти.

Во Индонезија често пати доаѓа до поплави и свлечишта, особено за време на сезоната на дождови, а и онака тешката состојба се влошува со уништувањето на шумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот