Во поплавите на грчкиот остров Евија загинаа седум лица, а едно е исчезнато

Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 97 лица, од кои 43 биле спасени со три хеликоптери.

Бројот на жртви од вчерашните поплави на грчкиот остров Евија се зголеми на седум лица, откако синоќа беа извлечени безживотни тела на уште две лица, а едно се води за исчезнато, јави допсничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 97 лица, од кои 43 биле спасени со три хеликоптери.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој преку негвиот официјален „Твитер” профил вчера изрази длабока жалост и сочувство до семејствата на загинатите, денеска ќе го посети погодениот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот