Во понеделник ќе се одржи седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за дополнувањето на собранискиот Деловник

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања Панчо Минов за в понеделник закажа седница на која треба да се разгледуваат евентуалните пристигнати амандмани за дополнувањето на Деловникот за работа на законодавниот дом, што се носи по скратена постапка, а со којшто ќе се овозможи онлајн изјаснување на пратеници со Ковид-19 и во изолација.

Потребата за донесување на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието беше изгласана со 61 глас „за” и без присуство на опозицијата на денешната 22. пленарна седница.

Предлогот за дополнување на Деловникот го поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери, кој и денеска на средба со новинарите потенцира дека се однесува само на пратеници кои ќе имаат решени за изолација поради Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот