Во Полска пристингна десетина американски авиони ловци Ф-15 и Ф-16

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека прераспоредувањето на НАТО и на американските сили во близина на руската граница води кон уште една „рунда” тензии. 

Европската команда на Вооружените сили на САД во рамките на воените вежби во Полска префрли десетина авиони ловци, изјави полскиот министер за одбрана Матиуш Блашчак.

– Во Полска денеска пристигнаа десетина американски авиони Ф-15 и Ф-16. Европската команда на Вооружените сили на САД изврши брзо прераспоредување на воздухопловните сили во Европа, посебно користејќи ги полските аеродроми, напиша Блашчак на Твитер.

Тој додаде дека заедничките воени вежби овозможуваат „зајакнување на безбедноста на регионот” на Централна и Источна Еврпа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека прераспоредувањето на НАТО и на американските сили во близина на руската граница води кон уште една „рунда” тензии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот