Медицинска екипа пренесува повредени во пожарот во Кочани на лекување во Полска / Фото: Делегација на ЕУ во Македонија

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, пристигна и медицински тим од Чешка

Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на „Фејсбук“.

-Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија, се наведува во објавата.

Претходно, чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекувањето на повредените во пожарот во Кочани.

-Нивната брза реакција и експертиза ја одразуваат силната врска меѓу нашите народи. Нашите мисли остануваат со сите засегнати. Стоиме заедно во солидарност во овие тешки времиња, напиша Лудва во објавата.

Претходно, директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Како што појасни тој, со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Велика Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подготвување на следната фаза – рехабилитација на повредените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот