Во Полска нов дневен рекорд на заразени

Фото:EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Полска денеска извести за 21.629 случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што е највисок дневен пораст од почетокот на пандемијата.

Земјата исто така објави за 202 нови смртни случаи со што вкупната бројка на починати се искачи на 5.351.

Новите бројки го зголемија вкупниот број на случаи во земјата на 340.824, според здравствените власти.

Вкупно 15.444 пациенти заразени од коронавирус моментално се лекуваат во болница, од кои 1.254 се на респиратор.

Вкупно 134.724 лица досега се опоравија од вирусот – 5.457 од нив во последните 24 часа.

(Извор: Anadolu Agency AA)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот