Во Полска нема да има распоредување на американско нуклеарно оружје

Полскиот претседател се консултирал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за планот за повлекување американски војници од Германија и пренесување на дел од тие трупи во Полска, а ваквиот чекор наиде на критики не само од Русија, туку и од сојузниците на НАТО.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, по неговата посета на Соединетите Американски Држави и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, денеска категорично негираше дека има планови за распоредување американско нуклеарно оружје покрај дополнителните американски трупи во Полска.

– Нуклеарното оружје не беше тема на разговор со претседателот Трамп. Никогаш не разговарав за тоа со претседателот, рече Дуда како одговор на прашањата на Фејсбук за вчерашната посета на Белата куќа и разговорите со американскиот претседател.

Од посетата на Дуда на Белата куќа, во Полска се очекуваше дека американскиот претседател може да потврди дека дел од приближно 9.000 американски војници што Доналд Трамп би сакал да ги повлече од Германија, ќе бидат распоредени во Полска, со очекуваните 1.000 војници за кои Вашингтон и Варшава се договорија порано и да прецизира на колку дополнителни американски војници Полска може да се надева.

Полскиот претседател рече дека се консултирал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за планот за повлекување американски војници од Германија и пренесување на дел од тие трупи во Полска, што наиде на критики не само од Русија, туку и од сојузниците на НАТО.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот