Во Полска денеска се „одржани“ најчудните избори досега

Фото: ЕПА

Изборните места во недела не се отворени и гласањето не е можно, па службено ниту поништените, ниту одложените претседателски избори во Полска ќе влезат во историјата како редок случај на фантомски избори, додека левицата предложи разговори по пример на 1989 година во кои беше срушен комунистичкиот режим.

Последица на тоа е пандемијата на коронавирусот и неспособноста на владеечката конзервативна партија и обидите да се договорат во поглед на уставно и обострано прифатливо решение. Засега развојот на настани е неизвесен.

Лидерот на конзервативната владеечка партија Право и правда (ПиС) Јарослав Качински и неговиот коалициски партнер Јарослав Говин кои сакаа да ги одложат изборите, велат дека договор за такво решение постигнале во средата.

Хаотична ситуација

Моменталната неизвесна ситуација е резултат на конкурентските интереси и контроверзни одлуки.

Соочени со ризикот од масовна зараза на гласачите на изборните места, ПиС изгласаа закон со кој се овозможува дописно гласање. Но предлогот, кој го критикуваше и отфрли опозицијата, е упатен предоцна за да се организираат изборите.

Во склад со уставните одредби, за одложување на претседателските избори е потребно да се прогласи состојба на природна катастрофа, но ПиС службено сметале дека актуелната здравствена ситуацијата не го бара тоа.

Меѓутоа, опозицијата и неопределените набљудувачи сметаат дека за тоа постоела една причина: ПиС сакале изборите да се одржат што е можно побрзо, за да се загарантира победата на претседателот Анджеј Дуда, кој бил нејзин член.

Партиите од левицата во неделата повикале да се одржи состанок на кој владата и опозицијата би се договориле за слободни и демократски избори.

„Сакаме состанок кој ќе овозможи да донесеме одлука како да се одржат слободни, фер, уставни избори во Полска“, рекол Кристоф Гавковски од Сојузот на демократска левица.

Таквото решение би гарантирало дека никој потоа нема да може да ја донесе во прашање легалноста на изборниот процес, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот