Околу 18.00 часот синоќа во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиника Ченто била донесена почината З.М.(74) од село Арачиново, информира МВР.
-Во разговор со нејзиниот син А.М.(32) од Скопје, тој појаснил дека, додека бил кај неговата мајка, нејзе ѝ се слошило и паднала, по што била пренесена во Поликлиника Ченто, каде од лекар била констатирана смрт без знаци на насилство- наведуваат во дневниот билтен на МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.