Во полициската акција „Гнев“ запленети 20 килограми дрога

Полицијата ги уапси А.Р. (38) и Ј.К. (38) под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Суботица, во рамките на акцијата „Гнев“, запленија околу 20 килограми опојна дрога и ги уапсија А.Р. (38) и Ј.К. (38) под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства.

„Полицијата открила околу 10,5 килограми хероин, околу 5,7 килограми амфетамин, околу 2,9 килограми марихуана во куќата и помошните простории во сопственост на осомничениот А.Р, во кои бил присутен и осомничениот Ј.К. околу 86 грама кокаин, 132 таблети од групата психоактивни лекови, 200.000 динари и помало количество девизи “, соопшти српското МВР.

Во соопштението се наведува дека осомничените биле притворени до 48 часа и дека заедно со кривичната пријава се спроведени пред Вишото јавно обвинителство во Суботица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот